Поради одржување на јавен собир во текот на претстојниот викенд во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на улицата „Кирил и Методиј“.
Традиционалниот „Гурмански викенд во Скопје – Пиволенд“ со нов концепт и ново име „Skopje Beer Fest“, годинава од 20-ти до 22-ри септември ќе се одржи на стадионот на Армијата во Градски парк.
Тој информира дека денеска издал налог со кој внатрешната контрола во рок од два месеца треба да изготви регистар на сите постојни несработени предмети во градот. Во исто време, како што рече, ќе ги категоризира предметите по тип и време за постапување.
Саемот за мебел ќе се одржи од 9 до 14 октомври во комплексот ВИП Арена Борис Трајковски, а за полесен пристап дотаму ќе бидат пуштени две вонредни автобуски линии 100/1 и 200/1 со крајна постројка пред ВИП Арената.
Игуманот на светогорскиот манастир Хиландар, архимандрит Методије, ќе одржи предавање ма тема „Духовните искуства на Света Гора“.
Живи статуи од Шпанија, Бугарија, Србија, Украина и Македонија ќе учествуваат на фестивалот „Статуафест - другото лице на улицата“ кој денеска и утре од 18 часот до полноќ ќе се одржува на улица „Македонија“ во организација на „Театроск“.
Поради водоводен приклучок ф-100 мм., на ул. „Јордан Мијалков“ бб, без вода ќе бидат дел од улиците 50-та „Дивизија“, „Јордан Мијалков“, „Панче Караѓозов“, Министерство за здравство и неколку други објекти во општина центар.
Кај скопјани има се поголем интерес за бесплатно приклучување кон системот за централно греење како кај домаќинствата, така и кај правните лица, информираат од Балкан енерџи груп (БЕГ).
Дел од корисниците од улиците со броевите „52“, „48“ и „50“, патот за село Љубанци, улиците „Радишанска“, „18“, „28“, „Бутелска“, „20“, „46“ и околината во општина Бутел од 8:30 до 14:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
„Одлогирај се и ајде надвор!“ е мотото под кое денеска извидничкиот одред „Браќа Миладиновци“ од Општина Аеродром ги презентираше своите активности пред учениците од ООУ „Блаже Конески“.