„Одлогирај се и ајде надвор!“ е мотото под кое денеска извидничкиот одред „Браќа Миладиновци“ од Општина Аеродром ги презентираше своите активности пред учениците од ООУ „Блаже Конески“.

Целта на овој настан, како што кажува и самото мото, е да ги натера децата да поминат што подолго време во природа наместо пред компјутер.

Меѓу учениците се појавија голем број млади авантуристи, кои изразија интерес да се запознаат со извидничките предизвици и да научат како да се снајдат во природа, соопшти Општина Аеродром.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/09/2018 18:37