Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен во Нерези на 12 и 13 септември, во период од 8.30 до 10.30 часот, поради одржувањето на вториот меѓународен „ФИС ролер ски куп Скопје“.
Вработените во Град Скопје во март или април следната година ќе се преселат во новата зграда под Кале. До 29 октомври годинава треба да завршат градежните работи на објектот по што ќе следат јавни набавки за мебел и за селење.
Училиштето за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Скопје ќе ја добие првата „сензорна градина“ која се наоѓа на отворен простор и со која ќе се унапреди наставниот процес.
Град Скопје подготвува кривична пријава поради недозволен пренос на добиена концесија за поставување билборди од една на друга фирма.
Од 9 до 14 часот денеска ќе се врши санација на прекин преку железничка пруга во општина Илинден кај местото викано Плац.
На првиот училишен ден училиштето го посетија заменик-министерот за образование и неука Петар Атанасов и градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ.
Во населбата Хиподром денеска почна акцијата за чистење на општина Гази Баба. Со чистење ќе се продолжи во Маџари, Триангла, Ќерамидница, Ченто, Железара и Автокоманда.
Во паркот во општина Ѓорче Петров вечер почнува манифестацијата „Звуците на културата“, што ќе трае до 23-ти овој месец и на која ќе настапат познати македонски музички бендови и изведувачи.
Официјално беше отворен првиот дел од новоизградената траса од булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во општина Бутел, на потегот од крстосницата со булеварот „Босна и Херцеговина“ до крстосницата со улицата „Натанаил Кучевишки“ во должина од 1000 метри.
Првата фаза од булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ денеска ќе биде пуштена во употреба. Со тоа ќе се растовари сообраќајот за жителите на Бутел 1, Радишани и селата од Скопска Црна Гора.