Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен во Нерези на 12 и 13 септември, во период од 8.30 до 10.30 часот, поради одржувањето на вториот меѓународен „ФИС ролер ски куп Скопје“.
Како што соопшти МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на потег од село Долно Нерези – улица „Козле 1“ до паркингот кај манастирот „Св. Пантелејмон“ во продолжение до паркингот на Средно Водно.
- За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„ФИС ролер ски куп Скопје“ го организира Клубот за биатлон и нордиско скијање и скијачки скокови „Мунте“ - Скопје.