Безбедносната состојба на територијата на општина Ѓорче Петров е поволна, со евидентно намалување на криминалот, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната посета на полициската станица во Ѓорче Петров и локалната самоуправа.
По повод почетокот на новата училишна година викендов во Зоолошка градина-Скопје ќе има повеќе активности за најмалите посетители.
- Пријавите за наградата со образложение и кратка биографија се поднесуваат до Одборот за доделување на наградата заклучно со 10 септември 2018 година (архива–барака број 16 на Град Скопје, бул.„Илинден“ бр. 82, Градски парк), наведоа од Град Скопје.
Корисниците од објектите на Апелациски суд, Историски архив, Основен суд Скопје и Врховен суд во општина Центар утре од 8:00 до 11:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ги повика на дебата претставниците на надлежните државни органи за изградба на гасоводот на Водно, како и претставниците на граѓанските здруженија кои покажаа загриженост. Дебатата ќе се одржи в понеделник (3 септември) во 13 часот во просториите на Советот на Град Скопје.
Покрај донесувањето на полугодишните извештаи за работа на ЈП ПОЦ, секторите во општината како и извештаите за работа на градинките, на продолжението на 16-тата седница, советниците ги усвоија и измените и дополнувањата на блoкот девет од Деталниот урбанистички план „Градска четврт Ј 07“ – локалитети Капиштец, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило и Цвеќара, соопштија од Општина Центар.
Возилата од јавниот превоз од утре, сабота (1.09.2018.година), ќе сообраќаат по зимсми возен ред, согласно одлуката за линиски превоз на патници, соопшти ЈСП Скопје.
Неисправени уреди за кочење и за управување, неисправни светлосно сигнални уреди, непродолжена регистрација и недостатоци на опрема, се недостатоци што се откриени кај автобуси и возила кои вршат јавен превоз.
Еден од најдобрите македонски фудбалери се вклучи во кампањата против изградбата на гасовод на Водно.
Потенцираме дека МЕР АД Скопје, постојано ги следи реакциите на граѓаните и ги презема сите мерки, со цел да не се повторат вакви или слични инциденти при реализација на проектот за гасификација на Република Македонија.