Уредување и изградба на нов парк на просторот зад објектот на Македонска филхармонија, кој со години беше неуреден, најави денеска градоначалникот на Град Скопје, Шилегов, одговарајќи на советничко прашање на седницата на Советот на Град Скопје.
Жителите на Железара, предводени од децата од населбата го презедоа здравјето и безбедноста во свои раце. На социјалните мрежи објавени се фотографии како жителите на овој дел од Скопје самите го чистат ѓубрето околу зградите.
Центарот се отвори на иницијатива на Здружението „Борка-за секој нов ден“, а покрај другиот третман децата ќе имаат и пристап до семеен терапевт, кој ќе им понуди стручна помош која е клучен сегмент во лекувањето и евентуалното излекување на ова тешко заболување.
Третата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши утре, додека четвртата фаза од терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе почне в понеделник, информираат од Град Скопје.
Граѓанската организација „Го сакам Водно“ бара дебата со директорот на МЕР, градоначалникот на Скопје и заменик министерот за животна средина и просторно планирање на која, како што велат, јавно ќе ги изнесат нивните агрументи за изградбата на гасоводот низ Парк шумата Водно.
- На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре ќе се спроведе првиот рок за пријавување на кандидатите за запишување во прва година додипломски студии во академската 2018/2019 година.
Град Скопје информира дека во петок на територија на градот ќе се врши авионска и тереристична дезинсекција против ларви од комарци.
Со реконструкција на живеалиштето на жирафите денеска започна проектот за реновирање и реконструкција во Зоолошка градина Скопје.
Општина Центар иформира дека привршуваат последните подготовки за почетокот на новата учебна година во основните училишта. Во општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ при крај се градежните работи за обновување на ѕидните површини и за поставување нови подови.
За десет дена колку што трае акцијата за бесплатно приклучување кон системот за централно греење со кој управуваат лиценцираните компании основани од БЕГ АД пристигнале 110 барања за приклучок во новата грејна сезона 2018/2019 година, соопштија од БЕГ.