Општина Центар иформира дека привршуваат последните подготовки за почетокот на новата учебна година во основните училишта.
Во општинското основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ при крај се градежните работи за обновување на ѕидните површини и за поставување нови подови.
Овој градежен зафат, како што се наведува, опфаќа комплетно обновување на 2.054 метри квадратни ѕидни површини и 352 метри квадратни подови кои ќе бидат готови до почетокот на учебната година.
Освен во ОУ „Св. Кирил и Методиј“, општина Центар соопшти дека при крај се и подготовките во останатите основни училишта.