Грејната сезона во Скопје започнува денеска и ќе трае до 15 април идната година, а цената за потрошената топлинска енергија засега останува иста. Нова одлука за цената ќе се носи откако ќе биде поставен цевководот на мостот Беласица.
Приоритет во работењето на локалната самоуправа во Општина Илинден е областа на патната инфраструктура, превенцијата во сообраќајот, односно зголемувањето на безбедноста на учесниците во сообраќајот, особено на најзагрозената категорија пешаците и велосипедистите.
Во тој период ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба во итна ситуација - земјотрес „Хуманитарен одговор 2023“ планирана за 18. месецов, во организација на Црвен Крст на РСМ, под покровителство на Претседателот на државата во Градски парк Скопје.
Од утре, 15-ти октомври, започнува грејната сезона 2023/2024 за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје со кој управува ЕСМ.
Грејната сезона во Скопје започнува утре и ќе трае до 15 април идната година, а цената за потрошената топлинска енергија засега останува иста. Нова одлука за цената ќе се носи откако ќе биде поставен цевководот на мостот Беласица.
Под насловот „Македонијо во срце те носиме“, вчера, во паркот пред салата „Расадник”, се одржа финалниот скопски концерт на музичкиот проект кој во изминатиот период, во 8 градови, ги претстави најубавите македонски патриотски песни во изведба на 12 македонски изведувачи.
Таа рече дека во случајов немало влијание од ниту една политичка структура за оваа одлука, а ниту пак новоназначениот директор на претпријатието Гоце Трајковски има некаква комуникација со некоја политичка структура.
Нема никаков недостаток на возачи во Јавното сообраќајно претпријатие, напротив сега има нови 36 лица што се приклучиле на последниот јавен оглас.
Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска ја разрешила од функција директорката на ЈП „Комунална хигиена“ Косана Мазнева-Николиќ, а на нејзино место го назначила Гоце Трајковски.
Градоначалникот Тимчо Муцунски во својот говор истакна дека е особено горд за овие инвестиции кои овозможуваат нови содржини за граѓаните, но и претставуваат доказ за посветеноста и развојот на општината во сите населени места.