Поради најавени три протести, денеска од 12 часот голем дел од автобуските линии ќе бидат пренасочени, а дел од нив ќе возат по скратена траса од вообичаената, соопшти ЈСП Скопје.
Вчера и денеска на поголем број медиуми и на социјалните интернет мрежи се појавија фотографии кои прикажуваат работа во тек и наводно невнимателно однесување со градското зеленило при изведувањето на велосипедската патека на булевар „8-ми Септември“.
На „Скопско лето“ вечер ќе има изложба на Дренуша Палоши, од 20:30 часот во Културно-информативниот центар, и концерт на бугарскиот пијанист Димчо Величков, во Музеј на Град Скопје од 21 часот.
Таксисти од неколку компании веќе неколку часа ја блокираат крстосницата кај „Мавровка“ со барање да им се врати старата локација на станицата на Битпазар.
Возило на Црвен крст ќе патролира низ најфреквентните улици во општина Кисела Вода во деновите кога температурата на воздухот ќе биде над 35 степени, а на граѓаните ќе им се делат и шишиња со пиење.
Во присуство на голем број граѓани, претставници на институции, пратеници, политички партии, претставници од Исламската верска заедница и здруженија, синоќа во просториите на општина Чаир се одржа комеморација за жртвите од геноцидот во Сребреница, во организација на „Форумот на Бошњаците“.
По повод одбележувањето на 11 јули, денот кога се случија масовните убиства во Сребреница, Бошњачките организации во Македонија денеска ќе одржат марш насловен „Сеќавање на геноцидот во Сребреница“.
Зоолошката градина Скопје денеска донираше три телевизори за Домот за деца без родители „11 Октомври“.
Во општина Карпош денеска беше отворена првата „Баланс+ зона“ во која има повеќе фитнес-справи. Зоната е подарок од компанијата „Бимилк“ во знак на подигнување на свеста за спортот и за здравиот начин на живеење.
,,Ни се роди бебе ❤ Малото преслатко Бамби е старо само неколку дена, а освен мајката за него се грижат и другите срни во групата. Да ни е живо и здраво“!