Општина Аеродром за првпат оваа година доделува по 3.500 денари за секој првоодделенец. За оваа цел, општината има издвоено 2.800.000 денари од сопствениот Буџет.
На свечена церемонија денеска во касарната „Ѓорче Петров“ ќе биде пуштен во употреба објектот за тактички вежби.
Советот на Град Скопје денеска на седница ќе го разгледа предлогот за изменување на Буџетот на Град Скопје за 2018 година со кој е предвидена рационализација на трошењето на буџетските средства.
На отворањето на настанот се обрати заменик градоначалничката на Нова Градишка, Ивана Трупина, која им посака добредојде на македонските претставници и истакна дека Македонците и Хрватите имаат многу заеднички нешта што ги поврзуваат.
Си игра ли Град Скопје со довербата на активистите за права на животните, како и довербата на секој граѓанин кој очекува проблемот со бездомните животни да биде ставен под контрола и конечно решен?, прашуваат од организацијата за права на животните „Анима Мунди“.
Сакаме да појасниме дека од Буџетот се тргаат средства наменети за проект за расчистување на депонијата „Вардариште“, што воопшто не е поврзано со стационарот „Вардариште“ и не треба да создава забуна кај јавноста.
Општина Кисела Вода соопшти дека на каптираните извори со небезбедна вода за пиење на нејзина територија во Општината поставени се осум табли со предупредување.
Педесетина програмски содржини ќе има на фестивалот „Скопско лето 2018“ кој традиционално ќе се одржува од 21 јуни до 31 јули. Ќе биде отворен в четврток, на Светскиот ден на музиката, со концерт на музичари од Израел во Македонската филхармонија.
Двеста и седум возачи непрописно ги паркирале своите возила поради што се казнети во текот на изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје.
Саемот на мебел годинава ќе се одржи од 5 до 10 октомври во комплексот на ВИП Арената „Борис Трајковски“.