Со дадена заклетва за ненасилство и со звуците на музиката од Штраусовата опера „Лилјакот“ денеска точно напладне на плоштадот „Македонија“ во Скопје околу 1.000 матуранти го одиграат традиционално танцот квадрил.
На „Матурската парада“ традиционално матурантите танцуваат квадрил. Освен во Скопје, годинава ќе танцуваат и матурантите од Струга, Охрид, Струмица, Гевгелија и Куманово.
Национален натпревар на 11 ученички компании од десет средни училишта од Македонија ќе се одржи денеска во Скопје, со учество на 55 средношколци и нивните ментори наставници од Битола, Гевгелија, Кавадарци, Куманово, Скопје, Валандово и Велес.
Тој беше познат скопски угостител и своевремено пејач, како и еден од главните создавачи на ноќниот и забавен живот во Скопје од крајот на 1980-ти години.
Друштвото „I love hiking - group Macedonia“ денеска организира уште едно четврточно искачување до врвот на Водно. На крајот од турата, вообичаено, ентузијастите ќе ги пречека музика, односно настап на ди-џеј, како вид награда за искачувањето.
Поради посетата на висока делегација од Велика Британија, денеска МВР ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје.
Годинешната матурска парада ќе се одржи в петок на 18 мај, точно напладне, во Скопје на плоштадот Македонија, посочи Елизабета Кузмановска од Дирекцијата за култура и уметност. Таа наведе дека покрај во Скопје, матурската парада ќе се одржи и во Струга, Охрид, Струмица, Гевгелија и Куманово.
Сериозен проблем со водоводна инсталација ја кочи изградбата на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во општина Бутел. Градот Скопје работи на изнаоѓање техничко решение, за да може да продолжи изградбата.
Повеќе од 200 ученици и наставници од основните училишта од Македонија учествуваа во едукативните активности на „Олимпијадата за читање и математика“ што се одржа денеска на сцената „Школка“ во Градскиот парк во Скопје, во рамки на проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“.
Нова продавница за стара облека „Копче“, каде што граѓаните ќе можат за многу ниски цени да си купат парчиња облека или обувки ќе почне да работи во Скопје. Продавницата е лоцирана во зградата на Црвен крст на Република Македонија, на булеварот „Кочо Рацин“.