Поради Дигиталниот самит што денеска и утре се одржува во Скопје, има посебен сообраќаен режим на сообраќајниците околу хотелот Александар Палас и Спортскиот центар Борис Трајковски.
Од ЈП „Водовод и канализација“ известија дека денес, поради промена на затворач на водоводна мрежа, без водоснабдување ќе останат корисниците од три скопски општини.
Револтирани граѓани ги урнаа тарабите за новата зграда која треба да се гради на локацијата на постоечки детски парк и игралиште кај „Тобако 2“, на аголот улиците „Руди Чајавец“ и „Фрањо Клуз“.
Градските власти првпат воведуваат стипендирање за спортисти средношколци кои се жители на Скопје и учат во средните училишта во Скопје. Јавниот повик е објавен денеска, а ќе трае 10 дена, заклучно со 26 април 2018 година.
Освен информативни табли, Градот ги дигитализира паркинзите на Средно Водно, на кои ќе биде испишано дали има слободни паркинг места и колку.
Со посебниот режим ќе бидат затворени и пренасочени за сообраќај улиците „Јадранска магистрала“, „Скупи“, делови од булеварите „Осми Септември“, „Илинден“, како и другите сервисни улици кои гравитираат кон двата објекта.
Семафор ќе биде поставен на критичното место на улицата „Борис Сарафов“ во населбата Ѓорче Петров каде вчера беше повредено 10-годишно дете.
Долг од 18 милиони евра акумулиран изминатите години, дополнителни долгови, ненаменско користење кредит од 2,6 милиони евра, почнување изградба на нова општинска зграда без соодветна документација и одлука на Совет констатирал Државниот завод за ревизија во Извештајот за работата на општината за 2016 година.
Реконструкцијата на фасади опфаќа: обнова на фасада со нова термичка фасада од страна на општина Центар и замена на старата и дотраена фасадна столарија со нова од страна на заинтересираните сопственици.
Булеварот „Борис Трајковски“ е една од најфреквентните, но и најнебезбедни сообраќајници во Скопје. За пет месеци полицијата регистрирала 57 сообраќајни несреќи од кои во три имало смртни последици, три со тешки телесни повреди, 35 сообраќајки биле со телесни повреди, а во 16 биле евидентирани само материјална штета.