Поставени се таблите на ЈП Градски паркинг за зонско паркирање на Средно Водно. Во А0 зоната во која е Водно паркингот се наплаќа само за време на викендите и државните празници кога и важеше забраната на Градот за автомобили, во работните денови како и досега паркингот е бесплатен. Првиот час на паркингот чини 100 денари, секој нареден 50 денари. Уште од изминатиот викенд граѓаните што ја посетија планината започнаа да плаќаат за паркирање, пренесува Република.

Освен информативни табли, Градот ги дигитализира паркинзите на Средно Водно, на кои ќе биде испишано дали има слободни паркинг места и колку.

Пајак-службата кон возилата што не платиле ќе може да ги примени мерките од зонското паркирање. Ограден е и делот од патот на кој се паркираат возилата.

Средствата што ќе се собираат од паркингот нема да бидат за Градски паркинг, туку ќе се користат за одржување на парк-шумата Водно.

За лицата со инвалидитет на паркингот на Водно ќе има и посебни паркинг места. Според проценките на Градот на Водно паркинзите имаат капацитет за 200 возила.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/04/2018 22:14