Во рамки на Европската недела на движењето, што се одржува од 21 до 27-ми овој месец, денеска на платото пред фонтаната „Лотос“ во Градскиот парк ќе се одржат забавно – рекреативни игри под мотото „Движи се за здравје“.
Коалицијата за чист воздух О2 и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ заедно со уште 18 граѓански, невладини организации, денеска попладне организираат мировен марш за чист воздух.
Од „ЕВН Македонија“ АД соопштија дека денес без електрична енергија заради закажани технички зафати ќе останат повеќе населени места.
Градот Скопје денеска организира велопикник што ќе се одржи на паркингот на Средно Водно, од 9:00 до 13:00 часот, како дел од активностите во вториот дел од Европската недела на мобилноста 2017.
Оваа година, тема на Европската недела на мобилност е „Споделувањето те движи напред“, а ќе учествуваат над 2.280 градови од Европа.
Во Музеј на град Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Скопската тврдина - симбол на градот“. Автори се Снешка Лакалиска, виш кустос, Игор Кузмановски, кустос археолог и Драгица Живкова, советник кустос.
Организаторите на Виз Ер Скопски маратон ја започнаа организацијата на еден од најмасовните и најпопуларните спортски настани во Македонија и пошироко.
Поради меѓународниот фудбалски натпревар меѓу Вардар и Зенит од Русија, што треба да се одигра вечер на Националната арена „Филип Втори Македонски” и очекуваниот зголемен интензитет на сообраќај, попладне од 17 часот околу стадионот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим.
Меѓународниот филмски фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје фест“ и филмското училиште „Тинтири минтири“ вечер организираат Анимиран филмски маратон на отворено кој ќе опфати проекции на анимирани филмови за деца и за возрасни.
На настанот најавено е обраќање на американскиот амбасадор Џес Бејли, генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити и директорот на Институтот за трансфузиологија, Кочо Димитровски.