Градот Скопје денеска организира велопикник што ќе се одржи на паркингот на Средно Водно, од 9:00 до 13:00 часот, како дел од активностите во вториот дел од Европската недела на мобилноста 2017.

Собирањето на велосипедистите е пред објектот на ИЗИИС, а стартот на турата е во 9:30 часот.

По пристигнувањето на паркингот на Средно Водно, велосипедистите и рекреативците ќе имаат можност да погледнат промоција на велосипедските продавници и сервиси во Скопје, промоција на (не)формалните велосипедски водичи, да го истражат Водно со велосипед или пеш, да уживааат во музичката програма со диџеј и многу други активности.

Во периодот од 9:00 до 13:00 часот за сообраќај ќе биде затворен патот кон Средно Водно, на потегот од објектот на ИЗИИС до Средно Водно, како и патот од „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно, освен за автобусите на ЈСП.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/09/2017 13:07