Потсети дека од почетокот на годината УНДП работи на различни настани и ги разгледува различните аспекти од земјотресот што разурна Скопје пред 60 години.
Во известувањето стои дека вчера попладне со ангажман на институциите од Системот за управување со кризи, во координација со Општина Аеродром успешно било реализирано отстранувањето на големото парче покривен лим кое паднало на кровот од пониската зграда
Ново детско игралиште наскоро ќе добијат децата околу Трговскиот центар „Зебра“ во Капиштец. Денеска ќе почне и поставување на реквизитите на местото на постоечкото, поради што тоа нема да биде во функција.
Со завршување на оваа инвестиција, реконструкцијата на фасадата, новото спортско игралиште и новиот атриум кој се наоѓа во задниот дел на училишната зграда, завршува еден важен инвестициски циклус со кој „Браќа Миладиновци“ станува модерно училиште
Голем и важен момент што се раѓа од вакви катастрофи како земјотресот во Скопје е чувството на солидарност, чувството на меѓународна солидарност помеѓу самите земји, што е и важен европски момент, вели Стефано Стефанини
Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска по повод 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, положи цвеќе пред Споменикот на жртвите од земјотресот, на Градските гробишта Бутел во Скопје.
Делегација на Владата беше предводена од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, а во придружба на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и заменик-министерот за образование Агим Нухиу.
Никогаш не се дознало името на жртвата што загинала во хотелот ниту името на мајката која дошла од Германија, и го поставила букетот со писмото.
Невидената трагедија што му се случи на Скопје во земјотресот од 26 јули 1963, сe уште се раскажува низ многубројни драматични приказни, кои некои запишувачи ги нарекуваат и скопски вистинити легенди.
Куќата на улицата Водњанска бр.40, спроти Клиничкиот центар, е една од оние во кои трагичното утро повеќе луѓе ги загубија животите. И со неа е поврзана една драматична и необична приказна, каква што само животот и случајот можат да напишат.