- Зелена проодна тераса за јавна употреба на објектот Рамстор и Кам Маркет се планира во новиот ДУП за Стара железничка. Новиот ДУП, како што велат од општина Центар, исто така предвидува нови велосипедски и пешачки патеки и нови подобрени сообраќајни решенија.
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски направи увид на градежните работи за асфалтирање на локални улици на ул. Сава Михајлов во Ченто.
Градоначалникот Тимчо Муцунски во својата фејсбук објава истакна дека преку рамномерни инвестиции во сите населени места и сите сфери на живеењето, Општина Аеродром ги подобрува условите за живот, раст, развој и едукација
На овој начин, политичко-профитерската спрега вметна нови 15.000 м2 површина во планот. Резултатот ќе биде концентрација на моќ и заработка кај малкумина, а на штета на градот и неговите жители.
- Во рамки на серијата настани „Земјотресна недела“, по повод 60-годишнината од скопскиот земјотрес, вечер од 19 до 20.30 часот во Културниот центар „Бруталиск“ ќе се одржи едукативна работилница за деца и млади.
ЈП Водовод и канализација - Скопје информира дека поради промена на вентил од ф 2“ на улица „11-Октомври“, утрово од 09:30 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ГТЦ.
Од Здружението за заштита на животни „Анима мунди“ не е задоволни тоа што од Агенцијата за храна и ветеринарство не започнала постапка за одземање на домашен миленик од жител на Велес, кој пред две недели е снимен како го удира сопственото куче.
Советот на Општина Центар на 26-та седница донесе одлука за определување на дозволеност на градба исклучиво во границите определени со планскиот опфат на Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012 – 2022.
На денешната седница на Град Скопје, советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска ја повика градоначалничката на Град Скопје да дојде на седница на совет, да дебатира и да го образложи предлогот што сама го дала за ребаланс на буџетот на град Скопје.
На крајот уште еднаш потсетуваме дека, грижата за здравјето и животот на граѓаните е наш врвен приоритет, а постапувањето согласно законите единствен императив во работењето на Општина Аеродром.