Како резултат на нефункционаланото работење на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје, за жал денеска во општина Ѓорче Петров ја имаме оваа грда слика, преполни се сите контејнери, посебно во урабниот дел на оштината, вели градоначалникот на Општина Ѓорче Петров,
Тој додаде дека недозволиво е во 21 век граѓаните во Скопје да се соочуваат со една ваква состојба која што не се соочиле години наназад.
Во претпријатието беше и директорката Косана Мазнева-Николиќ, која бараше вработените да влезат во камионите и да работат, а вработените извикуваа „Оставка, оставка“.
Неспособноста на менаџментот на институциите на градот Скопје повторно излезе на виделина.
Поради неодговорноста и лошото работење на градската администрација и јавното претпријатие „Комунална Хигиена“, неопходно е веднаш сами да го решаваме проблемот со натрупаниот смет во контејнерите на територијата на општина Аеродром.
Поради несовесното работење на Град Скопје и ЈП Комунална Хигиена, во општината се насобра многу ѓубре на локации кои се надлежност токму на горе споменатите институции.
Состанокот ќе се одржи поради тоа што не се собира сметот од Скопје поради протест на вработените во Комунална хигиена.
ССМ целосно ги поддржува вработените во Комунална хигиена во Скопје кои веќе неколку денови изразуваат револт кон раководството бидејќи, отпуштени биле десетици вработени, но и поради тоа што не им се исполнуваат барањата за зголемување на платите, К-15 и бенефициран стаж.
Исто така, на 09.07.2023 околу 01.30 часот е пријавено дека дел од вработените ги попречуваат влезот во претпријатието и останатите вработени во извршувањето на работните обврски. Од МВР информираат дека е известен јавен обвинител.
Насекаде гледаме полни контејнери, а сите ние, граѓаните ја трпиме штетата од, неумесното и неодговорно менаџирање со јавното претпријатие.