МВР апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Македонската мобилна апликација за одржливо живеење Challenger е избрана од Google Play за иновација која ја претставуваат земјава за европската кампања #WeArePlay.
По повод крајот на учебната година, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денес во просториите на општината ги додели признанијата на првенците на генерација 2014/2023 година од општинските основни училишта.
Општина Аеродром продолжува со финансиската поддршка и помош за граѓаните на Аеродром. Носиме одлуки кои носат директен бенефит за аеродромци.
Во период кога насилството помеѓу децата и булингот се тема не само во државата, туку и во целиот регион, во Општина Центар приватниот театар Хит од Скопје ја изведе претставата „Во домот на Волшебникот“, информираат од Општината.
Фестивалот ќе се одржува на паркингот на „Театар Комедија“. Во работните денови љубителите на улична храна ќе може да го посетат од 17:00 часот, а за време на викендот од 13:00 часот.
Интересот на граѓаните е приоритет во носењето на сите одлуки во Општина Аеродром, вклучително и оние од областа на урбанизмот.
Основци од основното општинско училиште „Илинден“ во Крива Паланка, беа дел од работилници од лего турнејата „Градење со лего коцки: Еко градови на иднината“ во организација на Здружението „Еко-логик“.
Министерството за локална самоуправа од Европската Унија и од буџетот на државата, обезбеди 212 000 евра за реализација на овој проект.
Tим на ЈП „Лајка“ оваа недела ќе заловува бездомни кучиња во општина Гази Баба, во реоните Железара, фабрика „Железара“, Автокоманда, Ќерамидница, Маџари, Ченто, Инџиково, Стајковци, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово, информираат од претпријатието.