Во духот на спортот, натпреварувањето, дружењето и меѓусебното почитување, викендов во СЦ „Јане Сандански“ во Аеродром се одржува првиот меѓународниот карате турнир „Олимпик Опен“.
До медиумите пристигна писмо на кое се потпишани 80 вработени во ЈУДГ Детска радост, општина Гази Баба во кое се изнесени забелешки на работењето на разрешената директорка на градинката.
Поради Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, в понеделник автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Со положување свежо цвеќе пред спомен-плочата во месноста Бунарџик, Општина Илинден деенска ја одбележа 22-годишнината од трагичната смрт на Роберт Петковски, кој како припадник на Министерството за одбрана, загина во Вејце на 28 април 2001 година.
Овој комплекс ќе има посебно детско игралиште, посебно спортско игралиште, мал плоштад. Инвестицијата е целосно на општина Аеродром и очекуваме инвестицијата да се реализира, односно да се заврши пред почетокот на летото.
Оттаму посочуваат дека проектот СМАРТ Балкан, е финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка со грант од над 17 милион евра.
Како што информира општина Чаир, на настанот присуствуваа градоначалникот на општина Чаир Висар Ганиу и Теута Ругова, ќерка на претседателот Ибрахим Ругова.
Општина Гази Баба ја информира јавноста дека во текот на вчерашниот ден до градоначалникот Бобан Стефковски е доставено писмо - Поддршка на Одлуката за разрешување на директорката на ЈУДГ Детска радост од страна на Синдикатот СОНК Гази Баба.
Во рамки на годинашниот проект „Цел Центар на точак“, Општина Центар субвенционира вкупно 144 велосипеди и тротинети. Секој полнолетен жител имаше право на еднократна субвенција во висина од 30 проценти од цената, но не повеќе од 3.000 денари.
Инспектори од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар денеска излегоа на терен по пријави на граѓани дека на Водно има повторно градежни активности.