Дел од корисниците од улицата „Миле Поп Јорданов“ во општина Карпош утре од 11 до 15 часот ќе останат без напојување со електрична енергија
Вработените во наредниве денови ќе ја добијат заслужената плата, нема да дозволиме скопјани да останат без јавен превоз, велат од градското претпријатие ЈСП.
Раководството на репрезентативните синдикати на ЈСП денеска попладне на состанок ќе одлучува дали ќе ја реализира најавата за прекин на работата, откако во меѓувреме од ЈСП Скопје соопштија дека ќе ја исплатат заостанатата плата во наредните два дена.
Корисниците од улиците „Христофор Жефаровиќ“ и „Алија Авдовиќ“ во населба Ченто денеска од 11.25 часот ќе немаат вода, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје
ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје денеска соопшти дека новите договори за парно греење може да се потпишат на три пункта во Скопје со работно време од понеделник до петок од 08 до 18 часот и сабота од 9 до 13:30 часот: пункт Центар, на ул.„Кочо Рацин“ бр.33 кај Олимписки базен, пункт Исток, на ул. „Јане Сандански“ бр.49 во населба Аеродром и пункт Запад на улица „Лондонска“ бр.8 во населба Тафталиџе
Прекинато водоснабдување денеска од 11 часот ќе имаат корисниците од Студеничани
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски утрово на својата официјална страна на фејсбук објави видео обраќање до граѓаните на општина Гази Баба по повод една година од оддржувањето на локалните избори
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 202 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот
Секторот за санитарна контрола во периодот од 10.10.2022 до 14.10.2022 зема 164 примероци за физичко-хемиска и 164 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во Градот Скопје
Нема дефекти во топланите и дистрибутивната мрежа за парно греење во Скопје и тие се 100 отсто функционални