ТАВ Македонија, за утре, сабота, 28-ми мај, најавува дека ќе ја заврши рехабилитацијата на пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје и од 17 часот попладнето летовите ќе почнат да се одвиваат во текот на целото деноноќие
Градот Скопје апелира да не се манипулира јавноста со фотографии од претходната состојба на патеката и проектот кој опфаќа реконструкција на целиот мост, кој е во интерес на сите граѓани и да не се злоупотребува за дневно политички цели
Во текот на изминатата недела (18.05 - 25.05.2022 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 122 возила од јавните површини
Во тек е машинско чистење на речното корито на Сува Река на потегот од Дељадровци кон Текија и Миладиновци, при што од вкупно предвидените 4500 метри извршено е чистење на речното корито во должина од 3400 метри
Со асфалтирањето на третиот дел од пешачката патека на улица Љубљанска, на потегот од улицата Разловечко Востание до булевар Илинден, целосно е реконструирана пешачката патека, на вкупна површина од 1300 квадратни метри
Eкипите на ЈП Улици и патишта, денес го асфалтираат првиот дел од пешачката и велосипедска патека на Јужниот булевар на потегот од градилиште на компанијата Лимак кон стара Рампа во површина од 280 квадратни метри
Нова зелена јавна површина се уредува на кејот „Димитар Влaхов“. Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ работат на површина од 3.244 квадратни метри која е поделена на повеќе парцели со пешачки патеки
Во буџетот на општина Гази Баба за 2022 година имаме определено 50 милиони денари наменети за асфалтирање на улици, за подобрување на патната инфраструктура
Од денеска, 11 нови висококвалитетни дрвја од видот македонски чинар дополнително ќе го красат дворот на основното училиште „Јан Амос Коменски“ кое се наоѓа во населбата Тафталиџе 1
Основното училиште со ресурсен центар „Иднина“ во Скопје денеска организираше отворен ден со изложба од изработките реализирани од учениците од ова училиште и од основните општински училишта од регионот, а во чест на патрониот празник, под мотото „Да бидеме виножито во нечиј облак“