Денеска од гостувањето на Директорот на ЈП Улици и патишта Скопје, Борис Настов во утринската емисија „Ја сакам Македонија“ во Сител Телевизија говореше за координација на работата и можните проблеми со кои се соочуваат работниците при извршување на работните активности во неповолните временски услови
„Со седум капитални инфраструктурни, комунални проекти, и седум музичко-забавни случувања, ќе го одбележиме 67-миот роденден на најстарата скопска општина, Кисела Вода,“ изјави градоначалникот на општината, Орце Ѓорѓиевски на денешната прес конференција
Општина Илинден, потпиша Меморандум за соработка со Здружението за борба против рак ,,БОРКА – За секој нов ден” во насока на подобрување на здраственте услуги на жителите од општина Илинден
Шеесет и двајца наставници од осум градски средни училишта денеска добија признанија и награди од Градот Скопје за нивниот придонес и активно учество во унапредувањето на меѓуетничката интеграција во образованието преку редовна реализација на заеднички наставни часови со ученици кои учат на различни наставни јазици
Екипите на ЈП Улици и патишта деновиве целосно асфалтираа пет улици во населеното место Кисела Јабука во општина Ѓорче Петров
На кејот „Димитар Влaхов“ е формиран и хортикултурно уреден нов зелен плоштад. Екипите на ЈП Паркови и зеленило го завршија уредување на зелената површина на кејот, со вкупна површина од 3.244 квадратни метри
Времениот прекин на работа е согласно воведената делумна забрана за движење во шумите, побарана од ЈП „Национални шуми“ – Скопје, а одобрена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор.
Градот Скопје ги известува граѓаните дека од утре (24.06.2022 година) во парк-шумата „Водно“ и во паркот на природата „Гази Баба“ се воведува делумна забрана за движење, во периодот од 6:00 до 20:00 часот.
Денес екипите продолжуваат со активностите за реконстукција и асфалтирање и на останатите пешачки патеки, со што ќе се добие уреден изглед на Градскиот парк кој граѓаните го користат за прошетки и рекреација.
Носењето на позитивна одлука од страна на Управниот одбор ќе значи линеарно покачување на платите за сите 190 вработени во претпријатието од 2.880 денари, почнувајќи од месец јули 2022 година.