Во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, минатата недела во хотелот Александар Палас се одржа тркалезна маса на која преставниците од стручната и научната фела разговараа за аспектите на енергетската криза, енергетската транзиција, како и за можностите и законските промени кои треба да придонесат за масовно производство на електрична енергија од обновливи извори
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 131 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот
Поради уличен дефект ф 100 милиметри на улица „Елисие Поповски – Марко“ кај крстосницата со „Ѓорѓи Абаџиев“, денеска прекинато водоснабдување имаат корисниците на дел од овие две улици во Центар
Денеска екипите на ЈП Улици и патишта - Скопје со брза интервенција веднаш по настанатото оштетување на паднатиот потпорен ѕид на булеварот „Борис Трајковски“ на семафорите во населба Пинтија, вршат негово расчистување.
Екипите од Секторот дрвореди согласно со издадените Решенија од Град Скопје искастрија вкупно 15 дрвја на улица „20“ број 4 во општина Сарај.
Голем број граѓани, меѓу кои и вработени во градската администрација, вчера ја покажаа својата хуманост и солидарност, и даруваа крв во крводарителската акција што се одржа во просториите на Град Скопје.
ТАВ Македонија, за утре, сабота, 28-ми мај, најавува дека ќе ја заврши рехабилитацијата на пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје и од 17 часот попладнето летовите ќе почнат да се одвиваат во текот на целото деноноќие
Градот Скопје апелира да не се манипулира јавноста со фотографии од претходната состојба на патеката и проектот кој опфаќа реконструкција на целиот мост, кој е во интерес на сите граѓани и да не се злоупотребува за дневно политички цели
Во текот на изминатата недела (18.05 - 25.05.2022 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 122 возила од јавните површини
Во тек е машинско чистење на речното корито на Сува Река на потегот од Дељадровци кон Текија и Миладиновци, при што од вкупно предвидените 4500 метри извршено е чистење на речното корито во должина од 3400 метри