И оваа година Општина Кисела Вода излегува со сет мерки за поддршка на основците и нивните семејства. Сите запишани првачиња ќе добијат бесплатен ранец со тетратки и прибор, а за младите спортисти и децата од социјален ризик, е обезбеден летен спортско едукативен камп.
Увид на терен денеска направи градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски, кој истакна дека фекалната канализација ќе ги опфати домаќинствата кои немаат фекална канализација во тој дел од општината.
Општината и натаму останува во служба на граѓаните, затоа што само на тој начин можеме да имаме здрава и чиста животна средина.
На предлог на градоначалникот Дарко Костовски, Советот на општина Бутел едногласно донесе одлука за помош во износ од три милиони денари, за граѓаните кои претрпеа штети од невремето во општина Бутел.
Приватниците и Кушовски денеска одржаа втора средба на која го потврдија претходно договореното во однос на исплатата на долгот, а во меѓувреме, како што наведуваат од ЈСП, ветеното од првата средба од страна на ЈСП е реализирано, со гаранција дека договорот во целост ќе биде испочитуван.
Општина Илинден останува во фокусот на инвеститорите. Во локалните економски зоки секојдневно се отвораат нови стопански објекти, а постоечките ги прошируваат своите капацитети.
Дел од нив имале средба со директорот на ЈСП Скопје, кој сега е разрешен и кој им ветил дека постепено ќе им се исплаќаат заостанатите средства, како и дека до септември целосно ќе им го исплати долгот. Во моментот немаат никаква најава што се случува по неговото разрешување.
Во моментов, на терен се пожарникари со пет противпожарни возила, потврди за МИА, командантот на скопската Противпожарна единица, Звонко Томески
Општина Аеродром соопшти дека мобилни екипи се излезени на терен и вршат расчистување на јавните површини откако попладнево почна големо невреме.
Од ЦУК информираат дека во моментов се известуваат и координираат надлежните служби од општините и Град Скопје, за постапување по пријавите за штети и опасности.