„Јавните претпријатија се презадолжени. На пример ЈСП е во загуба од три милиони евра. Сега треба да се консолидира. Се трошело безумно, се трошело како да ќе нема утре“, изјави градоначалничката на Скопје Данела Арсовска на емисијата Вин Вин на ТВ Телма.
ЗЕЛС бара од Владата да си ги испочитува обврските, а тоа се дотациите што секоја година се помали. Ова го изјави градоначалничката на Скопје и претседателката на ЗЕЛС на емисијата Вин - Вин на Телма.
Во однос на првото прашање упатено до директорката на „Здравко Цветковски“ Ангелова посочи дека во финансискиот извештај има прикажано дека во календарската 2021 година сте потрошиле 250 илјади денари за репрезентација.
На денешната седница на Советот на Град Скопје, советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски упати три прашања до градоначалничката на Град Скопје каде запраша дали тревникот на плоштадот има буџетски импликации врз буџетот на Град Скопје?
Во однос на планираните работни активности во следниот период, согласно постоечката рамка за реконструкција која што е со важност до 15 април планирана е реконструкција на 7 улици во четири општини во вредност од 40 милиони денари.
Андоновска праша што планира Град Скопје во однос на Луна парк, објаснувајќи дека според информациите со кои располага донесена е пресуда за исплата на 50.000 евра од страна на Град Скопје за изведувачот на проектот
Општина Кисела Вода соопшти дека почнувајќи од вторник (15 март) ќе започне акција за опоменување на сопствениците на хаварисани возила за нивното отстранување, поради попречување на одвивањето на сообраќајот и загрозување на човечката околина.
На денешната седница Советот на Град Скопје донесе повеќе одлуки за ослободување на повеќе јавни институции од обврската за плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште.
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денес 10.03.2022 година, изврши увид во градежните работи за реконструкција на училишната спортска сала на ООУ Григор Прличев во населбата Железара.
На денешната седница Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за формирање на Градскиот штаб за заштита и спасување, чиј командант според закон е градоначалникот на Град Скопје.