Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 23.02.2022 година ( среда ) поради уличен дефект на цевка од ф – 80 мм на ул. Киро Крстевски бр.24, во периодот од 09.00 часот па се до санирање на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Киро Крстевски, Вера Јоциќ, Иван Козаров, Божидар Аџија, Георги Димитров, Боте Боцевски и Тоне Томшиќ
Од ЈП „Паркови и зеленило“ упатија апел до жителите на Скопје денеска да избегнуваат да ги паркираат своите автомобили под дрвја за ако паднат гранки да не ги оштетат возилата поради предупредувањето кое го издаде УХМР дека се очекуваат ветрови со силина од над 60 километри на час.
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, од секторот Канализација, поради влошените временски услови и појавата на дожд, од утрово се на терен за расчистување на сливниците и шахтите со цел непрекината функционалност на атмосферската канализација во град Скопје
Поради грешка во проектната документација, продолжувањето какви било градежни активности предвидени во првичниот проект за реконструкција на Универзалната сала значи опасност по безбедноста на граѓаните
ЈП Лајка Скопје во рамките на своите тековни активности вклучува и обуки за едукација на своите вработени и континуирано надградување на знаењата на кадрите кои се безусловни љубители на животни
Сведоци сме на половични решенија од претходното раководство, на избрзани проекти без имплементација. Проектот нема да застане, туку се ќе се спроведе онака како што треба, но со решенија кои се безбедни и сигурни за граѓаните, изјави Арсовска.
Претходното раководство свесно за проблемите продолжиле со градежни активности иако знаеле дека постојат грешки и пропусти во однос на реконструкцијата.
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционираа 200 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот
Традиционалната манифестација „Среќна Баба Марта 2022“ по деветти пат ќе биде отворена на 24 февруари во 12 часот на првиот кат во трговскиот центар „Лиса“ во Скопје
По повод Светскиот ден на извидниците – 22 Февруари, Сојузот на извидници на Македонија во соработка со Црвениот крст на Република Македонија денеска ќе организира крводарителската акција, од 10 до 18 часот во просториите на старо Матично во близина на Општина Центар