По налог на Градот екипите на ЈП „Улици и патишта“ деновиве изградија подигнати пешачки премини на улицата Коце Металец за подобрена безбедност во сообраќајот во овој дел на градот
Општина Центар почна акција за реконструкција на детските игралишта на нејзина територија. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со општинските служби вчера направија кратка обиколка и извршија увид во состојбата на постојните игралишта
Во периодот од 10 до 17 февруари жичницата од врв на Водно ја користеле 3542 граѓани, додека од нив 2590 граѓани за време на викендот
По повод светскиот ден на туристички водичи, 21 февруари, Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници денеска организира бесплатно разгледување на Скопје и Битола
ЈП „Лајка“ денеска од 10 до 13 часот, организира отворен ден на кој ги поканува сите љубители на кучиња, особено оние што размислуваат да вдомат куче од прифатилиштето во овој стационар.
Планирани се нови монтажни катни паркиралишта на неколку локации во Скопје, меѓу кои е и паркингот до трговскиот центар „Чаирчанка". Станува збор за простор на кој се планира да се изгради монтажно паркиралиште за да се зголеми бројот на паркинг места во овој дел на градот.
ЈП „Паркови и зеленило“ денеска засади нови квалитетни садници на булевар Илинден спроти градските бараки. Новиот дрворед е составен од квалитетни зимзелени и листопадни дрвја и дополнително ќе го зазеленат булеварот
Финализирана е реконструкцијата на улицата “Сердарот” на која Општина Кисела Вода работеше во изминатиот период. На потегот од пругата до месната заедница во Потстаница, се постави нов долен строј, тампон, а потоа се изврши асфалтирање
Државниот завод за ревизија (ДЗР) денеска ги објави конечните ревизорски извештаи од извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Општина Аеродром, на сметката на основен буџет (630), за 2020 година
Под мотото „Пријателство преку спорт“, денеска на Воениот стадион во Скопје беше одбележан 18-ти февруари – Денот на меѓународните воени спортови, при што се одржаа натпревари во фудбал, кошарка, пинг-понг и трчање во машка и женска конкуренција на натпреварувачите од единиците на Армијата