Прекинато водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улицата „Борка Талевски“, број 67 и 69 во општина Карпош, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“
Општина Илинден продолжува со реализација на проектот „Илинден-Светла Општина”, кој опфаќа проширување и модернизација на уличното осветлување, со поставување на нови линии на улиците во сите населени места, поставување на електрични столбови, зголемување на бројот на електрични светилки и тековно одржување на јавното осветлување
Без електрична енергија утре неколку часа ќе бидат делови од општините Кисела Вода и Карпош, соопшти РЦУК по известување од ЕВН Македонија АД
Без вода денеска од 9:20 часот ќе бидат корисниците од Студеничани
Заклучокот на ЗЕЛС е да се најде решение со разговор затоа што имаме две разумни страни кои ќе најдат решение на проблемот.
Премиерот Ковачевски ја прифати средбата со ЗЕЛС, ама ги искара градоначалниците бидејќи требале да мислат на кризата кога го планирале буџетот и не предвиделе ставки за да се справуваат со кризата.
„Барањето на ЗЕЛС до Владата е барање од 81 општина и не е барање за помош на општините, туку е во интерес на граѓаните кој треба да се стави како приоритет. Ако овие јавни услуги не стигнат до граѓаните, граѓаните се оштетени“,
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, заедно со директорот на ЈП „Градски Паркинг“, Бојан Христовски присуствуваа на почетокот на градежните активности кои треба да бидат готови за околу две седмици.
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, денеска се сретна со амбасадорката на Кралството Шведска Кристин Форсгрен Бенгтсон, како и со Микаел Атерхог, раководител за соработка и развој во амбасадата.
Општина Кисела Вода одново ја објави тендерската постапка за избор на ревизорска куќа која треба да даде одговор околу наводите за неправилностите во делот на урбанистичкото работење на претходното раководство на Општина Кисела Вода