Без вода утре ќе бидат корисниците од улиците „Лазар Поп Трајков” и „Јани Лукровски”
Наследивме еден нефункционален систем од гледна точка на реализација на услугите на граѓаните, на пример во делот на постапки за легализација, во суштина тие беа целосно закочени, а се огромна потреба на Аеродромци
Избришани се уште три градежни маркици во Реонски Центар во Општина Аеродром, со што се спречи изградба на згради на вкупен простор од 13.200 м2
Град Скопје во 2022 година отпочнува со реализација на оформување нови зелени површини во Скопје, на кои се засадуваат дрвја и садници од различен вид
На денешната втора седница на Координативното тело на градоначалници на Скопје, градоначалниците дискутираа на повеќе теми, меѓу кои и состојбата со чистењето на депониите низ скопските општини.
Дел од градоначалниците истакнаа на седницата дека покрај наследените милионски долгови, сега со зголемување на цената на електричната енергија, сметките за електрична енергија буквално ги јадат редовните општински буџети, кои чинат милиони евра на сметка на капиталните проекти
Проектот предвидува Фондацијата да ангажира реномирани домашни експерти што ќе имаат цел во следните четири години да помогнат Аеродром да стане прва општина без корупција.
ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека негови екипи во периодот од 31 јануари до 6 февруари покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенирале на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани
Поради дефект ф-80мм на улица „Народен Фронт“ 17, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата „Народен Фронт“ 17 и 19, како и маркетот „Рамстор“
Станува збор за кривична пријава поради основано сомневање дека сториле кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 ст.5 вв со ст.1 од Кривичниот Законик.