На електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk досега се пристигнати 998 барања, од кои решени се дури 873 проблеми
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018
Без вода денеска ќе бидат корисниците на дел од населба Ѓорче Петров 2, односно Дексион, како и улица „Индира Ганди“, дел од улица „Македонско Косовска Бригада“ и дел од Визбегово, информираат од јавното претпријатие „Водовод и Канализација“
Градоначалничката Арсовска во предизборната кампања вети дека ќе бидат исчистени детектираните диви депонии кои придонесуваат за загадување на воздухот кој го дишат скопјани и токму тоа беше еден од главните приоритети кои се веќе реализирани
Без вода денеска од 10:10 часот се корисниците од улиците „Сердарот”, „Нагоричанска” и дел од „Иван Хаџиниколов” во населбата Драчево, соопшти ЈП Водовод и канализација
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на социјалните мрежи им го честиташе успехот на Ученици од VIII-2 одделение од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, Сара Кнежевиќ, Лука Вајевиќ и Виктор Јакимов, кои се вратија од глобалниот натпревар во дебатирање и општо знаење “World Scholar’s Cup” во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати со 28 медали и 2 трофеја
Во текот на месец јануари годинава во пречистителната станица за отпадни води Волково пречистени се вкупно 71.339 кубни метри отпадна вода. Притоа, од механичкиот предтретман на водата се отстранети приближно 2 тона различен отпад, информираат од ЈП „Водовод и канализација“
Во текот на викендот теренските служби на Град Скопје и ЈП Улици и патишта пристапија кон санација на крупните оштетувања на коловозите на неколку локации, односно Јужен булевар, булевар Осми септември и булевар Борис Трајковски
Поради дефект без вода денеска од 13:15 часот до завршување на работите ќе бидат корисниците на дел од улица „Финска“, „Палмиро Тољати“ и дел од Маџари
Поради уличен дефект на ул.„Девол“ 28 во населба Козле денеска од 12.15 часот е прекинато е водоснабувањето за корисниците на дел од улиците „Жданец“, „Девол“, краците од ул.„Козле“, Средно Нерези и високата зона од реонот, информира ЈП „Водовод и канализации“ Скопје