Во координација со Градот Скопје, ЈП Комунална хигиена-Скопје со 30 работници на терен спроведува активности за чистење на снегот и мразот на скопските булевари и улици
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ соопшти дека е одложен за наредните денови најавениот прекин во водоснабдувањето односно интервенција на „Бањалучка“, број 20 од технички причини
Советниците расправаа и во однос на субвенциите што ќе се дадат на ЈП „Градски паркинг“ за 2022 година. Износот на субвенциите за оваа година е пет милиони денари.
Нејасно е како за само 103 дена се потрошени 11.000.000 денари, за таа цел на 05.01.2022 година формирав комисија која ќе спроведе теренска ревизија, односно ќе направи споредба на фактичката состојба на терен и работите фактурирани до општината.
Го поздравувам тоа што во првата недела се започна со чистење на паркинзите изминатите години не бевме научени дека паркинзите може да бидат и чисти па можеби и тоа е дел од развојната компонента, нагласи Андоновски.
На состанокот присуствуваа и генералниот секретар на ФФМ, Филип Поповски и неговиот заменик, Дрилон Ганиу, како и шефот на кабинетот на градоначалникот Муцунски, Марјан Христов.
Развојниот буџет за 2022 година на Општина Аеродром за капитални инвестиции изнесува 728 милиони денари, а во него се предвидени голем број на проекти кои беа ветени во програмата.
Перински нагласи дека во општина Сарај е изворот од кој целиот град се снабдува со вода, но дека наплатата токму таму, како што рече тој, е исклучително ниска, посочувајќи дека во иднина мора да се подигне свеста за рационалното користење на водата, но и на наплатата.
Соработката со Град Скопје и локалните општински прашања и основното образование, беа дел од темите на денешната средба на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, со амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри.
Апостолоски, посочи дека Арсов, во својство на в.д. директор на МКЦ – Скопје на 14 декември 2019 година објавил јавен повик за избор на коорганизатор на активностите за дочек на новата 2020 година, додека критериумите за избор на најповолна понуда со определни бодови од јавната установа биле донесени на 18 декември 2019 година, односно по објавување на јавниот повик