Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе бидат дел од корисниците во населба Илинден, а задутре дел од општините Зелениково и Центар.
ЈСП Скопје информира дека на сила е одлуката за бесплатен јавен превоз за сите граѓани, како една од пакетот итни мерки на Град Скопје за намалување на загадувањето на воздухот и заштита на здравјето на граѓаните.
По добиеното известување од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, согласно Законот за квалитет на амбиентниот воздух, квалитетот на воздухот два дена е надминат над законски пропишаниот минимум
Во следните денови, тимови од Општина Аеродром ќе ги посетат домовите на најранливите категории и соодветно ќе им ги достават пакети со храна и пакетчиња за децата.
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска им додели новогодишни пакетчиња на децата во СОС Детско село, и им ги честита новогодишните празници
Вчера (26 декември) во Паркот на Франкофонијата и Мобилната галерија на Центарот за современи уметност – Скопје, започна тридневната новогодишна бајка „Планетата Ѕвездалија“
Здрава животна средина со чист воздух, чиста околина и повеќе зелени површини е предуслов за обезбедување квалитетен живот за граѓаните на Скопје и токму ова ќе бидат и основните заложби на Град Скопје во овој четиригодишен мандат, порачаа денеска од прес службата на Град Скопје
Комуналните служби на Општина Аеродром во соработка со Град Скопје деновиве интензивно работат на расчистување на една од најголемите диви депонии на нејзината територија лоцирана во Долно Лисиче
Без вода денеска од 9:30 часот се корисниците од кракот 20 на улицата „Борис Трајковски” во Усје во Општина Кисела Вода, како и делови од улиците „Народен Фронт” и „Васил Ѓоргов” во Капиштец во Општина Центар
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење