Неколку десетици жители на скопската населба Железара попладнево со блокада на улицата „Коце Металец“ го продолжија неколкудневниот протест со кој бараат надлежните органи да преземат мерки за ограничување на брзината на движење по оваа улица, која ја поврзува Автокоманда со Бутел.
Почна изградбата на кружните сообраќајни решенија кај зоната Момин Поток во Општина Карпош. Се предвидува изградба на два кружни тека
Зоолошката градина Скопје добива 7Д Кино, што претставува нова технологија на проектирање на филмови во 3Д во комбинација со дополнителни ефекти кои го прават визуелното следење комплетно, кои, како што потенцираат во соопштение, буквално прават да бидете дел од филмот
Деновиве во сите основни училишта и градинки во Општина Аеродром се поставуваат интерактивни смарт-табли
Планот спроти „Холидеј Ин“ мора да се стопира и да се преработи. Во спротивно ќе се поткопаат декларативните заложби за „зелен“ град, „велосипедски“ град, „град за луѓе“, „отпорно Скопје“, „Скопје со квалитетен јавен простор“ баш на најцентралната и најрепрезентативна локација, каде можеше навистина да добијат свој идеален приказ тие заложби, сметаат од иницијативата „НаТочак“
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 159 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот
Амбасадата на Израел и Проектот ХОПЕ денеска ќе и донираат два апарати за неинвазивна проверка на билирубин кај новороденчиња на Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир
Град Скопје денеска ги почнува најавените активности за изградба на клучка помеѓу булеварите „Никола Карев“ и „8 Септември“ кај Момин поток
Посебен сообраќаен режим ќе се спроведува денеска во центарот на Скопје поради протестен марш, во oрганизација на здруженијата на граѓани – коалиција „Менуваме“
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.