Скопските пожарникари придружувани од екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска изведоа показна вежба за гасење шумски пожар со помош на специјална опрема за гасење ваков тип пожари.
Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сарај, Кисела Вода, Арачиново и Илинден, соопштуваат од РЦУК – Скопје.
Град Скопје ги демантира и отфрла наводите изнесени во денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ, каде истите тврдат дека ќе се рушат дел од објектите во рамки на спортскиот центар „Борис Трајковски“, а на тоа место ќе се развива бетонска џунгла.
Планината Водно го доби статусот на заштитено подрачје согласно законодавството за заштита на природата, со што стана заштитен предел. Одлуката е донесена на денешната владина седница, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ работат на расчистување на дрвјата, додека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ на отстранување на проблеми со атмосферската канализација.
Без вода утре ќе останат корисниците од Општина Чаир со Топанско Поле, Скопје Север, Бутел 2, цела Железара и Автокоманда, како и Гинекологија Чаир, Поликлиника Железара и Ремедика.
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционираа 174 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов очекува во наредните 40-ина дена да бидат завршени во целост овој дел од работите.
Зависно од епидемиолошката состојба ќе се преземаат мерки за намалување или за евентуално зголемување на бројот на деца кои ќе бидат згрижени во градинките.
За дневниот распоред на вежби во текот на месеците мај, јуни и јули граѓаните се информираа на Интернет страницата на Град Скопје www.skopje.gov.mk, како и преку социјалните мрежи на Град Скопје.