Во текот на изминатата недела (15.07 - 22.07.2021 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 223 возила од јавните површини
Во населбата Карпош 2, позади гимназијата „Орце Николов“, во тек е реконструкцијата на улицата „Мирка Гинова“. Започнати се подготвителните активности, при што се отстранува стариот и оштетен асфалт
Во вторник, 27 јули, ќе се организира традиционална крводарителска акција во црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче
ЈП Водовод и канализација – Скопје континуирано работи на одржување, подобрување и обнова на водоводната и канализационата мрежа во градот Скопје, со цел задоволување на потребите на корисниците
Секторот за инспекциски работи на Општина Центар продолжи со мерењата на бучавата во угостителските објекти, при што се издадени решенија на уште два објекти, „Гнездо” и „Интермецо”, за преземање мерки за намалување на гласноста
Корисниците од прва зона во населбата Припор денеска од 10:00 часот имаат прекинато водоснабдување поради дефект на затворач со пречник од 100 милиметри на улицата „Христо Татарчев – крак 20“ бб, во близина на училиштето
Денеска, петок (23.07.2021 година) после 17 часот, поради изведување на градежни активности на дел од коловозот на булевар „Кузман Јосифовски Питу“, на потегот од семафорите кај Веро Џамбо до семафорите пред Транспортен центар, возилата од линиите кои сообраќаат во овој реон во насока на Транспортен центар/Ново Лисиче/населба Лисиче и слично, ќе имаат изменет режим на сообраќање
Во согласност со Буџетот на Општина Центар, за 2021 година се планирани 12 милиони денари за уривање на бесправно изградени објекти
Граѓанската иницијатива против урбаното дивеење во Ѓорче Петров ја известува јавноста дека со сите свои капацитети и расположливи средства ќе се бори против дополнителното бетонизирање на општината и кратење на рекреативните капацитети во општина Ѓорче Петров.
Град Скопје ја заврши целосната реконструкција на шеталиштето пред Градски парк, од потегот кај скопската гостилница „Кај Жабарот“ па се до почетокот на влезот во градскиот парк, кај Министерството за земјоделие, веднаш спроти паркот на Франкофонијата