Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Во текот на изминатата недела (04.03 - 10.03.2021 година) со специјалните возила пајак се подигнати 205 возила од јавните површини
Без струја утре од 08:30 до 14:30 часот ќе бидат корисниците од улицата „Ниџе Планина” во општина Кисела Вода
Во последна градежна фаза е изградбата на шопинг молот Скопје Ист гејт што се гради на локацијата на поранешниот Скопски саем. Во него е најавена вкупна инвестиција од над 350 милиони евра и се очекува да биде пуштен за десетина месеци.
Општина Аеродром воведе нова интерактивна европска методологија за одржување на јавната хигиена во општината, брифираа на денешната средба со новинарите Александар Ѓоргиевски, раководител на Секторот за работи на градоначалникот, и Дејан Антовски, раководител на Одделението за комунални работи и заштита на животната средина
Јавниот превоз во Скопје од денеска ќе сообраќа до 22 часот. Режимот на јавниот превоз е согласно одлуката на Влада за забрана на движење на населението во период од 22 до 5 часот, почнувајќи од денеска до 22 март 2021 година
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 28 нови пациент поради компликации од корона вирусот
Поради дефект на водоводната цевка Ф 80мм. Бул. Борис Трајковски 4-63, без вода ќе бидат корисниците од Бул. Борис Трајковки 4-63
Без вода денеска ќе бидат корисниците на дел од кејот „13 Ноември“, во близина на втората галија, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје
Во насока на унапредување на знаењето и вештините за укажување прва помош, Црвениот крст на Град Скопје денеска свечено ги отвори новите просториите на Центарот за прва помош, кој почна со работа минатата година. Целта е да се спроведуваат едукации и обуки за прва помош за кандидатите за возачи, за заинтересираните физички и правни лица и за управувачите на пловни објекти