Со заедничка акција во која учествуваат екипи на Инспекторатот на Град Скопје, Центарот за социјални работи на град Скопје, Министерството за внатрешни работи и ЈП „Улици и патишта“ денеска се отстранува дивата населба и сметиштето под Железничката станица
Град Скопје ги информира граѓаните дека од денеска, 17.10.2020 година, сабота, го продолжува распишаниот јавен повик за субвенции на инвертер клима уреди за затоплување на домаќинствата, каде што граѓаните ќе може да аплицираат и онлајн
Независниот синдикат на полицијата во соработка со здружението „Крводарител“ денеска организира крводарителска акција во ГОБ „8 Септември“ за дополнување на резервите на крвни единици
Во организација на Цивика мобилитас денеска во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи Фестивалот „Ден на граѓанските оргнаизации“
Одговорни носители на функции ги гледаат аномалиите на функционалноста на системот и предлагаат соодветни мерки, така што ќе инсистираме во процесот на децентрализација да можеме да имаме јурисдикција врз единиците на локална самоуправа
Град Скопје реагира на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ околу состојбите и условите во новиот стационар „Лајка“.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против две лица за кривично дело „узурпација на недвижности“.
Премиерот нагласи дека со промената на греењето на еколошки системи драстично ќе се намали загадувањето и додаде дека досега над 1.000 граѓани ги вратиле своите стари печки со интенција нивниот број да достигне до 5.000
Општина Аеродром деновиве ја привршува реконструкцијата на веќе постојните, како и изградбата на новите пешачки патеки во непосредна близина на улицата „Коста Новаковиќ“ во Стар Аеродром
До крајот на годинава се очекува да започне со работа новиот дневен центар за деца и млади со интелектуална попреченост на возраст помеѓу 14 и 16 години, што се наоѓа во Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Скопје