Меѓународниот ден на Ромите Градоначалнокот Александар Стојкоски го помина со пријатели од ромска националност кои живеат на ул.14 во у.з. Даме Груев.
Годинава три илјади и петстотини учеснички на Женска трка дадоа поддршка на жените со мултипла склероза, со поставување на ПОРТОКАЛОВАТА ПАНДЕЛКА која беше содржана во стартниот пакет.
„Трчам за децата со цистична фиброза“ е мотото под кое претставници на Клиниката за детски болести - Скопје, денеска се приклучија на „Авицена женска трка“. Годинава, тимот на клиниката ја посветува трката на покревање на свеста и поддршка на децата со една од најчестите ретки болести.
Изведбата на фекалната мрежа во должина од 740 метри е со средства од Буџетот на Општина Ѓорче Петров во износ од 6 милиони денари.
Со овие пораки, последен поздрав на денешната комеморација што се одржа во Скопје упатија колеги и пријатели на еден од најпознатите македонски автори и продуценти на електронска музика, Мирко Попов, кој почина минатата недела на 51 година.
Евроамбасадорот Дејвид Гир вели дека овој регионален натпревар ги обединува пливачите со интелектуална попреченост, за да ги покажат своите вештини и да ја прослават различноста.
Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во Северна Македонија, во соработка со Специјалната Олимпијада, од денеска до 7 април во базенот на СЦ „Борис Трајковски“ организира регионален натпревар во пливање.
Општинските служби ја расчистија депонијата во напуштениот објект во Капиштец спроти Католичката црква. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски известува дека од локацијата во неколку наврати се отстрани смет, шут, кабаст и градежен отпад.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски заедно со учениците од СОСУ „Илинден“ одиграа фудбалски натпревар на новото мултифункционално игралиште во делот кај спортската сала „Гоце Делчев“ во населба Илинден, информираат од Општината.
Не купувај - вдоми, не одминувај - нахрани, не врти глава - помогни, порачува Јавното претпријатие „Лајка“ на Светскиот ден на бездомните животни.