Ве информираме дека утре, вторник (19.01.2021 год), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 55Б, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред
Без вода денеска од 10:30 часот се корисниците од населбата Маџари, Хиподром и Трубарево
Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно
Од ЈП „Водовод и Канализација” – Скопје, информира дека поради дефект на противпожарен хидрант ф-80 милиметри на улица „Лазар Танев“ бб (позади црквата Св.Спас), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од Стара Чаршија.
Општина Центар денеска соопшти дека собира предлози за име на новиот Младински центар
Имено, локалната самоуправа распиша јавна набавка, која може целосно да се следи преку Електронскиот систем за јавни набавки, а на истата да учествуваат сите заинтересирани страни.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 22 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информираат од Министерството за здравство, од каде појаснуват дека вкупно 279 лица сомнителни и потврдени случаи на КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) врз основа на доставената Студија, изработи Нацрт на Одлуката за прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел
Општина Центар објави јавен повик за прибирање барања за користење средства од Буџетот на Општина Центар за 2021 година, наменети за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите
Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје изминатите 12 месеци собрале и транспортирале вкупно 158.476 тони комунален отпад, што е за 4.713 тони или 3.07 проценти повеќе во однос на 2019 година