Согласно Законот за заштита од бучава во животната средина, Секторот за инспекциски надзор на Општина Центар донесе решение со кое на правниот субјект „Фор Фингерс“ ДОО Подружница бр.1 Интермецо Скопје му се забранува да врши угостителска дејност во законски определен рок од 30 дена.
Околу 15 производители од различни региони учествуваат на саемската манифестација „Мед и здравје“ што почна денеска во Скопје и ќе трае до недела. Штандовите на кои се нудат мед, најразлични пчелни производи, како и опрема, се поставени на Плоштадот „Македонија“ кај Камениот мост и ќе бидат отворени од 8 до 20 часот
Европскиот фонд за Балкан (ЕФБ) денеска истовремено во Скопје, Белград, Приштина,Тирана, Подгорица и Сараево, ќе ја ја започне иницијативата „Дрво на пријателството” со садење на 400 дрва во сите регионални главни градови
Во рамки на Деновите на Општина Карпош, започна есенската акција за зголемување на зеленилото. Во таа насока, комуналните служби на локалната самоуправа започнаа со садење на 300 нови ореви, по дворовите на основните училишта и градинките во Карпош. Акцијата започна во дворот на ООУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае, како и во градинката „Пролет“ во Козле
На територијата на Општина Аеродром денеска се засадени 60 дрвја од видот платан, во паркот „Нирнберг“ во Ново Лисиче и на булевар „Србија“ во паркот зад бензинската станица на „Лукоил“
Жителите на општината Кисела Вода што аплицираа за субвенции за набавка на клима инвертери и добиле мејл од Град Скопје, во текот на претстојниов викенд (утре и во недела) ќе можат да ги предадат своите стари печки на дрва или на нафта во дворот на средното училиште „Васил Антевски- Дрен“. Акцијата ќе трае од 10 до 16 часот
Во согласност со најновите заострени мерки на Владата и Комисијата за заразни болести, трката Есенска 5К, која требаше да се одржи на 31 октомври, ќе се одржи во формат и времетраење прилагодени на околностите предизвикани од здравствената криза, информираат од здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје, организатори на трката
Здружението на граѓани за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Трисомија 21-Скопје“ со студентите од Филозофскиот факултет при УКИМ неделава на настанот насловен „Игри без граници“ испратија порака дека лицата со Даунов синдром треба да бидат прифатени како рамноправни членови во општеството
ЈП Водовод и канализација – Скопје, со цел исполнување на потребите на своите корисници и по успешно спроведената акција во јули, донесе одлука за спроведување на уште една акција за исплата на заостанатите долгови без камата за задоцнето плаќање
„Вториот пчеларски саем на Македонија“ ќе се одржи од денеска до недела на централниот плоштад во Скопје