Со бележење на хоризонталната сообраќајна сигнализација, деновиве заврши целосната реконструкција на коловозот од булеварот Видое Смилевски Бато во општина Аеродром
На Денот на македонската револуционерна борба, со гордост се потсетуваме на основачите на македонската револуционерна организација, се потсетуваме на организацијата која со цел да обезбеди слобода, правда и еднаквост помеѓу народите
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, прекинатото водоснабдување е поради уличен дефект на водоводна мрежа Ф 5/4 (Цола) на улица „Дижонска“ бр.30 населба Чаир, од 11:15 часот до завршување
Жителите на општините Гази Баба и Аеродром што аплицираа за субвенции за набавка на клима инвертери во Град Скопје во текот на продолжениов викенд (денеска, утре и во недела) ќе можат да ги предадат своите стари печки на дрва или на нафта во Вардариште. Акцијата ќе трае од 10 до 16 часот
Бејкова информира дека како граѓанска организација направиле темелно истражување за состојбата со општинските инспекторати, како и истражување на јавното мислење на национален репрезентативен примерок.
Целосно е преуреден јавниот простор долж улицата „Новопроектирана“, во населбата Карпош 3. Станува збор за сообраќајницата која граничи со „Бледски договор“ и булеварот „8 Септември“
Градоначалникот Петре Шилегов денеска присуствуваше и се обрати на дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“ што се одржа во салата на Советот на Град Скопје.
Утре, петок (23.10.2020 год), поради државниот празник 23 Октомври- Ден на македонската револуционерна борба, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред
Донесувањето и спроведувањето на деталните урбанистички планови претставува дел од двостепеноста на системот на урбанистичкото планирање.
Општина Кисела Вода денеска на својата територија започна со активности за садење на повеќе зимзелени, листопадни и украсни садници.