Корисниците од ресторанот Национал и зградата на ССМ во Општина Центар утре од 9:00 часот ќе останат без водоснабдување.
Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 278 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Фестивалот на комедијата „Гола месечина“ заврши во саботата со стендап-настапот на Марјан Ѓорѓиевски, а свечено беа доделени и награди за учество на сите претстави на годинешното ревијално издание. Наградата за животно дело „Анче Џамбазова“ му беше доделена на доајенот Ѓокица Лукаревски
Со затворањето на изложбено-продажниот салон „Свесна Мода“ во Јавна Соба, успешно беше означен крајот на тридневното „поп-ап“ издание на настанот, во чии рамки имаше ексклузивен шоурум, арт инсталации, студентска изложба, едукативно предавање и богата музичка програма за присутните гости
Градоначалникот Петре Шилегов денеска присуствуваше на јавната презентација на Основниот проект за воспоставување зелен коридор по течението на реката Лепенец, која се одржа во салата на Советот на Град Скопје
Град Скопје ги потсетува сите граѓани дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот (Сл.весник на РМ број 61/2004....23/2016 ), во тек е постапката за присилна наплата на неплатените обврски по основ на годишниот данок на имот и комунална такса за фирмарина за 2019 година
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018
Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Гази Баба, Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров, соопштуваат од РЦУК – Скопје
Како дел од континуираните заложби да се овозможи безбедно рекреирање на пешаците и на велосипедистите во деновите кога е најпосетено Водно, Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ воведоа зонско паркирање на паркиралиштата на Средно Водно
Прекинот во водснабдувањето ќе трае од 9 часот, па до завршување на работите