Без струја утре од 08:00 до 10:00 часот ќе останат корисниците од индустриските објекти во селата Шишево, Глумово и Матка во Општина Сарај
Скопје со повеќе активности и манифестации ќе одбележи 57 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во кој 1.070 луѓе го загубија животот, а 3.000 беа повредени
Во рамки на активностите во пресрет на 26 јули – Денот на солидарност, Црвен крст на град Скопје денеска ќе постави изложба на отворен простор на фотографии од наградуваниот авторот Виктор Лакен, кој за Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвенаната полумесечина ги изработи делата со наслов „Здравствена заштита за спасување живот на луѓето кои се во движење на Балканот“
Македонското студио Дарк-1 информира дека го објавило првиот визуелен материјал за нивната видео игра „Скопје“, којашто неодамна го доби своето место на најголемата платформа за видео игри „Стим“.
Општина Бутел во соработка со ЈП „Дрисла" на 8 и 9 август ќе организира акција за собирање на кабаст отпад и градежен шут
Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) денеска преку соопштение информира дека согласно надлежностите утврдени во постоечката легислатива и утврдени факти во инспекциска постапка нема основа за понатамошно продолжување на инспекциската постапка на реката Вардар.
Здружението „Плоштад Слобода“ бара од градоначалникот на општина Центар и од Советот на општината да го продолжат терминот за јавната расправа и презентација за „Мал ринг“ за уште 30 дена и да се повлече планот на доработка во која ќе бидат вклучени надлежните институции, специјализираните граѓански здруженија, Асоцијацијата на архитекти на Македонија и граѓани кои живеат и работат во тој дел на градот
ЈП Водовод и канализација – Скопје во април оваа година започна иницијатива за донирање средства за децата и младите од СОС Детско село
Во делот од предложениот детален урбанистички план за Мал Ринг во Општина Центар што се презентира денеска секаде каде што имало неизградени споменици се бришат и на нивно место се предвидува зеленило
Заврши целосната реконструкција на сите 19 дрвени мостови во вториот дел од Градскиот парк. Оваа активнист ја спроведоа екипи на Град Скопје со донација на Халкбанк АД Скопје