ЕВН Македонија утре планира неколку технички зафати во електро-системот во градот Скопје, поради што без струја ќе останат дел од корисниците во општините Гази Баба, Ѓорче Петров и Каропш
Вкупно 153 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот санкционираше изминатата седмица јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар”, во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје
ЈП Водовод и канализација известува дека утре, 30 јуни, од 9 до 13 часот ќе биде прекинато водоснабдувањето во скопското село Бојане поради чистење и дезинфекција на резервоар
Дел од скопската општина Центар денеска ќе биде без вода поради дефект на водоводната мрежа на крстосницата на улиците „Кеј 13 Ноември“ и „Мирче Мацан“.
ЈП Водовод и канализација-Скопје информриаат дека денеска поради дефект на затварач ф-80мм на ул.Јосиф Јосифовски Свештарот бр.35, без вода ќе останат корисници од ул.„Јосиф Јосифовски Свештарот“, „Ленинградска“, „Тетовска“ и дел од ул.„Пролет“ од 08:45 часот до завршување
Пред спомен-плочата на Мајка Тереза на плоштадот во Скопје, Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје и Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ – Скопје, денеска ќе ја одбележат 40-годишнината од нејзиното прогласувањето за почесен граѓанин на Град Скопје
Градот Скопје ги известува граѓаните дека втората фаза од терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми и ларви од комарци, ќе се врши од 29.06.2020 година (понеделник) до 03.07.2020 година (петок), од 22 до 03 часот следниот ден
Се преземаат финалните активности за конечниот изглед на Спортско – адреналинскиот парк кај Алпинистичката карпа, долж Кејот на реката Вардар, во општина Карпош
Во текот на изминатата недела (18.06 - 25.06.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати 157 возила од јавните површини
Осветлен патот, кој води кон познатото излетничко место „Три круши“ во село Драчево, информираат од општина Кисела Вода