НОВОГОДИШНАТА ЕЛКА ЌЕ СВЕТНЕ ВО ПЕТОК - ПОЧНУВА „ВИНТЕРЛЕНД 2020“
Екипи на Општина Аеродром утринава веднаш почнаа да ги поправаат оштетените детски игралишта што викендов беа цел на вандалски чин
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 316 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот
Со цел да се овозможи поголема партиципативност, вклученост на граѓаните и граѓанските организации при неговото креирање, поставен е посебен банер на веб страната кој води до анкетен прашалник
Советот на Град Скопје на седницата одржана на 27.11.2019 година донесе одлука за формирање Комисија за односи меѓу заедниците, која ја сочинуваат по еден претставник на заедниците кои се застапени во градот Скопје, со мандат од четири години
На булеварот „Крсте Мисирков“ кај МАНУ на самата автобуска станица, денеска поради уличен дефект ф80мм со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на булеварите „Крсте Мисирков“ и „Св. Климент Охридски“ (Адвокатската улица)
Настан посветен на студентите со попреченост „Фер муабет“ по повод одбележувањето на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет
Вработените во ЈП Комунална хигиена- Скопје собраа 208 пакети хуманитарна помош во вид на храна, облека, постелнина и хигиенски средства, а денеска во координација со Црвениот крст на РМ беа испратени во местата погодени од земјотресот во Република Албанија
Во есенската акција за садење што се реализира периодов, екипи на Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ засадија над 7000 нови висококвалитетни садници на различни локации во сите скопски општини
Поттикнати од активностите на Општина Карпош, која континуирано го надоместува изгубеното зеленило на своја територија, Меѓународната асоцијација „Lions District 132 Македонија“, денеска засади 15 зимзелени дрвја, на ул. „Новопроектирана“, во близина на болницата „Жан Митрев“.