Комисијата за социјална и здравстена заштита на Општина Центар одржа електронска седница на која одлучи да додели финансиска еднократна помош за социјално загрозени семејства и лица жители на Општина Центар кои имаат лоша здравствена состојба
Емисиите од работата на Цементарница УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон
Се мие и дезинфицира пред маркети, аптеки, банки и други места, каде што е забележано поголемо присуство на граѓани
Советот на Град Скопје денеска, 03.04.2020 година, петок, одржува седници на отворено, на просторот пред салата на Советот на Град Скопје, во време на вонредна состојба во државава поради пандемијата со коронавирусот
Градоначалникот Шилегов на денешната прес-конференција ги соопшти конкретните мерки што ги презема Градот Скопје во интерес на полесно надминување на економските последици од пандемијата со коронавирусот за сите граѓани во земјава.
За Јулијана Накова Гапо, национален директор на СОС Детско село, ваквата активност покажува дека ЈП Водовод и канализација - Скопје е една од компаниите кои и во време на криза и вонредни околности, покажува добра општествена практика.
Во ек на пандемијата на коронавирусот, Општина Центар како одговорна единица на локалната самоуправа, покрај останатите мерки кои ги спроведува за заштита и превенција од вирусот, изминатите денови со конкретни активности ги помага и полициските станици „Беко“ и „Пролет“.
Поради обилните врнежи од снег во текот на изминатото деноноќие на територијата на Скопје се евидентирани вкупно 22 паднати дрвја, од кои 17 се во населени места, а другите пет дрвја се во Градскиот парк, информира градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.
Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во периодот од 26.03 до 01.04.2020 година на телефонскиот број 193, кој е дел од кампањата „Пријави оган на отворено“, не добила ниту една пријава од граѓаните
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација" – Скопје, прекинот е поради водоводен приклучок на улицата „Тодор Александров" 77