Заради стопирање на стара водоводна мрежа ф-100 мм на ул. „Фрањо Клуз бб“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица
Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без струја ќе бидат делови од општините Сарај, Ѓорче Петров, Карпош и Гази Баба
- За прв пат во историјата, еколошките организации од целиот Балкан се здружуваат во заеднички протест против загадувањето на воздухот.
Град Скопје известува дека поради реконструкција на ул. Пластичарска, поточно изведба на атмосферска канализација, проширување на пешачка патека и обнова на водоводната мрежа, на дел од улицата ќе биде воведен времен сообраќаен режим.
За да се заштити планината Водно од загадување и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите, градските комунални редари и овој викенд вршеа засилени контроли за паркирање во зеленило и изрекоа вкупно 54 казни за паркирање во зеленило, од кои осум во саботата и 46 во неделата
Санкциониран е и еден возачи поради поминување на крстосница на црвено светло и еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 261 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот
Град Скопје од следниот викенд воведува ред за локациите и површината на која ќе може да работат мобилните продавачи, по реакциите на посетители дека се узурпираат патеките во стариот дел на Градски парк со натрупување на подвижни приколки.
ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска се приклучи кон иницијативата на Советот на родителите на ООУ „Исмаил Ќемали” од скопската општина Чаир, за спроведување акција за генерално чистење на дворот и околината на училиштето
Во текот на изминатата недела (14.02 - 20.02.2020 година) со специјалните возила пајак се подигнати 218 возила од јавните површини