Од МВР информираат дека од 08.00 часот па се’ до завршување на активностите, во центарот на град Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул.„Филип Втори Македонски“, на потег од крстосница со бул.„Гоце Делчев“ до крстосница со ул.„11 Октомври“, во двете насоки.
Честитајќи го утрешниот празник Богојавление – Водици, градоначалникот Тимчо Муцунски истакна дека преку донација на прехранбени производи продолжуваат активностите за поддршка на народната кујна.
Поради верскиот празник Богојавление (Водици), утре (19 јануари), јавниот превоз на ЈСП Скопје ќе функционира по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 56, 56А, 70, 74, 81, 118 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.
На својот Фејсбук профил, градоначалникот Тимчо Муцунски напиша дека „Патрик“ сега е едно од најубавите детски и спортски катчиња во Аеродром.
Од 11.30 до 15.00 часот струја нема да имаат дел од корисниците на ул. „Хелсинки“ бр. 58 (А и Б), 56 (А и Б), 54, 52, 50 и 48, ул. „Нобелова“ бр. 22, 24, 26, 19 (А и Б), 21 (А и Б), ул. „Лондонска“ бр. 1 (А и Б), 3, како и ресторанот „Две Капки“.
Како што информираат од Општина Центар, согласно измените на одлуката, најмалку 90 проценти од потребниот број паркинг места во новопроектираните објекти во рамки на градежна парцела мора да бидат обезбедени без употреба на механизирани паркинг системи, таканаречени ,,клацкалки’’.
Станковиќ истакна дека тоа што заслужува да се најде на вонредна седница е суспендирањето на одлуките на Советот на Град Скопје.
Советот на Град Скопје денеска одржа вонредна седница, на која од 13. предложени точки на дневниот ред разгледани беа три, но не беа усвоени поради недоволен број гласови.
Дoговор за заедничка инвестиција во фотоволтаици, енергетска ефикасност и заштита на човековата околина потпишаа денеска градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и директорот на Центар за развој на Скопски плански регион, Јане Мицевски.
Осветување на водите во скопската Општина „Ѓорче Петров“ по повод Богојавление-Водици во петок на 19 јануари, традиционално ќе се одржи на две места, кога Чесниот крст ќе се положува во водите на реките Лепенец и Вардар.