Дваесет и двегодишниот Бојан Костадиноски го фати крстот на манифестацијата за одбележувањето на верскиот празник Богојавление – Водици, на железниот мост во населбата Хром, на границата меѓу скопските општини Карпош и Ѓорче Петров.
Кристијан Ниневски беше најсреќен меѓу 140-те верници кои скокнаа во водите на Вардар по светиот крст на централната манифестација за големиот христијански празник Богојавление – Водици во центарот на Скопје и го извлече крстот од осветените води.
Непознати сторители деновиве скршиле и опожариле десетина нови корпи за одлагање ситни отпадоци во Старата скопска чаршија, што ЈП Комунална хигиена-Скопје во октомври 2019 година ги постави на барање на Здружението на занаетчии на Чаршијата
Кристијан Ниневски беше најсреќен меѓу над стоте верници кои скокнаа во водите на Вардар по светиот крст.
Поради манифестациите за верскиот празник Водици, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе воведе посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром и населбата Хром.
Без вода утре од 10 часот можно е да останат корисниците на Скопска ПИВАРА, дел од Булевар „Александар Македонски" и населбите Ченто, Маџари, Хиподром и Трубарево.
Во периодот од 10.00 часот, па до завршување на манифестацијата по повод Водици, во центарот на Скопје ќе бидат затворени за сообраќај улиците „Филип Втори Македонски“ до булеварот „Гоце Делчев“ и од Кеј „13 Ноември“ до булеварот „Кочо Рацин“.
Вкупно 213 непрописно паркирани возила се подигнати минатата недела од јавните површини на Град Скопје. Од нив, 36 се отстранети од зонските паркиралишта, а останатите 177 по налог на сообраќајната полиција.
Сто и единаесет граѓани се пријавени за учество во традиционалното положување на крстот во Вардар, што ќе се одржи на 19 јануари на Богојавление – Водици во центарот на Скопје
Во Соборниот митрополитски храм „Свети Кирил и Методиј” во Тетово ќе започнат предавања по веронаука за деца од 10 до 15 години, информираат од тетовско-гостиварската епархија. Часовите ќе ги одржува отец Илија Деспотовски.